Нијагара | ж.

Водопади и река што ги поврзува езерата Ири и Онтарио, Северна Америка.

Нијамеј | м.

Главен град на Нигер.

нијанса | ж.

Постепен премин на една боја во друга. Нијанса на жолта боја. Зелени нијанси.

Ниџе | ср.

Планина во Македонија.

но 1 | сврз.

Најизразит спротивен сврзник.

но 2 | чест.

На почетокот на реченица, често на почеток на нов пасус за воведување нова мисла сосема различна од претходно кажаното. Начинот на кој е предочена тематиката го одразува нашиот менталитет, провинциски и подбивен. Но, каква и да е вистината во нив и без оглед на тоа што одразува таа, сепак тој ја прифаќа како своја...

нобеловец | м.

Добитник на Нобелова награда.

нов | прид.

Што е скоро направен, штотуку пронајден, што не е или е малку употребуван. Нова облека. Нова кола. Нова куќа. Нова сорта пченица. Нова болест. Нова песна. Ново оружје.

Нов Зеланд | м.

Островска држава во Тихиот Океан.