нормативен | прид.
Што ги содржи нормите, што се однесува на нормите. Нормативна граматика. Нормативен прирачник.
нормативизам | м.
Пракса според која скоро во сите јавни дејности се одредува норма, пропис.
нормира | св. и несв.
Определи, определува, постави, поставува норма.
нормирец | м.
Лице кое ги следи и кое ги определува нормите.
норне (се) | св.
Норфолк | м.
Град во Велика Британија.
нос | м.
Орган на мирисот и еден од дишните органи, кој се наоѓа на средината од лицето кај човекот и на предниот дел од главата, над устата, кај животните. Грбав нос. Чпртав нос.
носалка | ж.
носатен | прид.
Што е дома ткаен, наменет за носење. Носатно платно.
носач | м.
Тој што носи, што се занимава со носење, со пренесување.