нагребок | м.
Трага од исечено на кожата; лузна.
нагрее | св.
Стопли, загрее нешто.
нагризе | св.
Малку гризне, со гризење откине малку. Го нагриза јаболкото.
нагрли | св.
Копајќи, нанесе земја околу коренот на растение (компир, пченка и др.). Го нагрливме компирот.
нагрне | св.
Префрли, наметне нешто без да се облекува заради заштита од студ, ветар и др. Ги нагрнаа долгите гуњи и излегоа. Нагрни го детето да не му студи.
нагрозди се | св.
Се народи, се насобере, се појави во поголемо количество. Гранките се нагроздиле со петровки јаболка. Јато риби се нагроздија околу лебот.
нагрсти се | св.
Напечали, заработи, дојде до многу пари и др. Му тргнала работата и се нагрстил пари. Во војната се нагрстил пари за цел живот.
нагруби | св.
Направи нешто да биде грубо; нагрди. Ѝ ја нагрубил ликата. Го нагрубиле неговиот човечки лик. Му се обрати со зборови што го нагрубуваат јазикот.
нагрува | св.
Грува доволно или големо количество пченица, пченка и др.
над | предл.
Со пространствено значење: а) место што е погоре, повисоко од означениот предмет. Над самото село почнуваше густа дабова шума. б) од горната страна на нешто. Над вратата беше закачен свадбен венец.