над- | предл.

(нат- пред безвучна согласка) Глаголите со оваа претставка најчесто значат: а) дејство што надминува, надвишува исто такво друго дејство во однос на брзина, времетраење, квалитет, степен и сл. (надвика, надгласа, надживее, наттрча, натпее, натпие, натфрли), б) извршување на дејство над нешто, одозгора (надвисне, надлета, наднесе, наткрили). Кај именските зборови означува: а) објект што е продолжение или се наоѓа врз тоа што е именувано со основниот збор (надградба, надвозник), б) лице или институција од повисок ранг во однос на означеното во основата (надвојвода, надбискуп, надбискупија), в) определба дека нешто се наоѓа повисоко, погоре од нешто (надбубрежен, надморски, надземен, надгробен), г) признак во определена мера (натпросечен, натчовечки), д) дека нешто не зависи, не е обусловено од означеното во основата (наднационален, натпартиски).

надава | несв.

нададе | св.

Додаде, придаде, продолжи нешто. Го нададе малку фустанот. Го нададе јажето за да стигне.

надалеку | прил.

На голема далечина, многу далеку. Селата се надалеку едно од друго. Надалеку прочуен.

надарен | прид.

Што има дар, дарба; талентиран. Надарен раскажувач. Надарен актер. Надарен ученик.

надари | св.

Даде дарба, талент некому. Господ го надарил за сè. Природата го надарила со смисла за хумор.

надбие | св.

Победи во бој, во борба. И по три дена силни борби никој не можел да надбие.

надбискуп | м.

Прв бискуп во една католичка црковна провинција, поглавар на надбискупија.

надбискупија | ж.

Диецеза, епархија на надбискуп.

надбодина | св.

Наттрча во коњска трка, во бодинање.