надвратник | м.

Греда, дрвена или бетонска, што се става над вратата.

надвјаса | св.

Со вјасање надмине, измине некого, во вјасање натпревари.

надгласа | св.

Добие поголем број гласови од друг при гласање.

надгледува | несв.

Врши надзор, чува, проверува безбедност, однесување при работата и др. Го надгледуваше извршувањето на задачите. Лично ги надгледуваше и затворениците и нивните чувари.

надгледувач | м.

Тој што надгледува нешто по службена должност.

надградба | ж.

Тоа што е надградено на веќе изграден објект. Дозвола за надградба.

надгради | св.

Изгради над веќе изграден објект.

надгробен | прид.

Што е поставен над гроб или на гроб. Надгробен споменик. Надгробна плоча.

наддава | несв.