наддавач | м.
Учесник во наддавање.
наддавање | ср.
Глаголска именка од наддаде.
наддаде | св.
Даде повеќе отколку што треба, отколку што е определено. Му наддадов некој денар.
наддаде се | св.
Се издаде, се подаде нанапред. Очите исплашено се наддадоа од глобовите. Од устата вечно ѝ се блееја два горни наддадени заба. Ридот се издолжил, а она најгоре се наддало како стреа.
наддаден | прид.
Се засолниле под една наддадена стена. Имаше црна косичка спуштена по наддаденото чело. Ги испрчи своите наддадени гради.
наддели | св.
наддланка | ж.
Дел од раката што е над дланката.
надебелее | св.
Стане дебел, подебел.
надебели | св.
Направи нешто да биде подебело. Надебели ги буквите, подобро да се читаат.
надева се | несв.
Има надеж дека нешто ќе се случи, ќе биде како што се посакува. Се надева дека брзо ќе се вратат. Се надева дека брзо ќе победат. Се надевавме на подобро време.