накрева | несв.

накрене | св.

Крене донекаде, подигне малку. Ја накрена двоцевката и со силен грмеж го процепи воздухот. Ја накрена стомната и се напи. Го накрена пагурчето уште еднаш.

накрепи се | св.

Се потпре на нешто, се послужи со нешто како потпор. Се накрепи малку на ѕидот. Стоеше накрепен на бастунот.

накриви | св.

Стави, постави нешто накриво. Ја накриви капата, правејќи се важен. Накривил калпак над веѓи.

накривне | св.

накриви.

накриво | прил.

Не право, настрането, накосо. На ѕидот висеше малку накриво семејна фотографија. Главата ја држеше накриво.

накрка | св.

Нахрани, најаде некого до прејадување. Ги накрка децата и ги пушти да си играат.

накрми | св.

Даде крма, нахрани добиток.

накрни | св.

Открши, одлушне парче од некој предмет, наштрби, оштети малку. Чашата ја накрни малку.

накрои | св.

Скрои доволно, во определена или во голема мера, многу.