набосо | прил.

На боси нозе. Ги обу чевлите набосо.

набоцка | св.

Забоде нешто шилесто (игла, трн и сл.) на повеќе места. Рацете си ги набоцка на капините.

набој 1 | м.

Набиено место, оток на стапалото, на петицата.

набој 2 | м.

Исполнетост со некое својство. Емоционален набој. Творечки набој. Содржински набој. Експресивен набој.

набојадиса | св.

Намачка со боја,

набразди | св.

Направи бразди при обработка на земјиште.

набрашни | св.

Посипе со брашно. Ја набрашни рибата и ја стави да се пржи.

набрбори | св.

Изнакаже многу, сè и сешто. Уште од изутрина ми набрбори што било и што не било.

набргу | прил.

Кусо време по некој определен момент, по некоја случка, настан. Набргу момчето заспа. Поседоа малку и набргу си отидоа. Запали оган, набргу во собата стана попријатно. Набргу по востанието положбата на народот стана уште потешка.

набрдила | и.

Дел од развојот на кој е утврдено брдото.