налутен | прид.
Што е лут, гневен.
налути | св.
Предизвика лутина, гнев кај некого. Сакаа да го налутат, ама не успеаја. Кога ќе го налутеа, беше готов на сè.
налче | ср.
Потков за чевел.
нам | зам.
Долга форма за индиректен предмет од ние. Освен во поретки случаи, оди со кратката форма – нам ни; Нам ни даде. Кому му дал? – Нам.
намава | св.
Претепа со мавање. Го фатиле и го намавале.
намавне | св.
Направи движење со рака, со стап и сл., замавне за да удри. Намавна со мотиката за да го удри. Одвреме-навреме ќе намавнеше на коњите и ќе им подвикнеше.
намагнетизира | св.
Му придаде на некое тело магнетни својства.
намаз | м.
Муслиманска молитва која муслиманите ја прават петпати во денот.
намазни се | св.
Се исчешла мазно, се залиже. Таа одвреме-навреме ќе се погледнеше во огледалце и ќе се намазнеше.
намака | св.
Со макнување земе, нанесе јадење на леб.