намали | св.

Направи нешто да биде помало, смали. Го намалија бројот на работниците. Им ги намалиле платите. Судот им ја намалил казната. Ги намалиле цените на лебот.

намами | св.

Со мамење (обично со лоша намера) привлече некого да дојде. Едниот се предал, а другиот го намамиле и го фатиле. Го намамија, божем, на по една пијачка за да им каже сè што чул.

наманикира | св.

Стави лак на ноктите. Ги наманикирала ноктите на рацете и на нозете за да се смеша во модата.

намачен | прид.

Што претрпел големи маки, тешкотии. Намачен народ. Намачена земја. Намачена душа.

намачи | св.

Зададе маки некому, измачи. Ме намачи додека го фатив. Мојот најнов текст многу ме намачи.

намачка | св.

Покрие нешто со слој од маст или од густа течност. Намачка путер и мармалад на лебот. Си ги намачка рацете со крем.

намек | м.

Збор или израз со кој само се наговара, се загатнува нешто без да се искаже мислата јасно, отворено. Не сакам разговори ниту пак намеци околу тоа дали е ова решение правилно. Во неговото искажување се чувствуваше благ намек на незадоволство.

намекне 1 | св.

Направи да стане нешто меко. Го намекна сувиот леб со вода за да може да го издроби.

намекне 2 | св.

Загатне нешто, се искаже со намек, здржано.

намеле | св.

Сомеле доволно, определено или големо количество.