намерда | св.
Натепа некого. Го нашле во туѓ бостан и го намердале. Убаво намердај го да му дојде умот.
намерен | прид.
Што е направен со намера, смислен, свесен. Неговата шега беше намерна.
намерение | ср.
намери | св.
Нанишани, земе на нишан. Намери право во центарот на целта.
намерник | м.
(дијал.) стројник.
намеси | св.
Меси во определено, во доволно големо количество или меси повеќе различни нешта.
намесник | м.
Тој што управува во името на некого.
намесништво | ср.
Привремено вршење на врховната власт во монархиите од страна на определено лице при малолетност или подолга болест на монархот; регенство.
наместа | прил.
На некои места, не секаде. Оградата беше долга, наместа искршена. По планината наместа се гледаа остатоци од снег. Ќе биде облачно, наместа со дожд.
наместен | прид.
Уреден, снабден со потребното. Наместена соба. Наместен стан.