нана 2 | несв.

Детето сега ќе нана.

нанадвор | прил.

Кон надвор, кон надворешната страна. Го отвори прозорецот и се наведна нанадвор да погледне. Вратата се отвораше нанадвор и навнатре.

наназад | прил.

Кон назад. Колата тргна наназад. Погледна наназад.

нанапред | прил.

Од определено место натаму, напред (во правецот на движење, на гледање). Поместете ја колата малку нанапред.

нане | ср.

Градинарско растение со мирисни ливчиња, кое се користи како зачин и како чај, мента; Mentha piperita.

нанесе 1 | св.

Снесе (јајца) во поголемо количество.

нанесе 2 | св.

За вода, ветар – надонесе со себе, остави по себе нешто, направи нанос, намет. Реката нанесе многу песок по ливадите.