намрштен | прид.

Што има нерасположен, незадоволен, налутен израз на лицето; намуртен. Намрштено чело. Намрштеното лице почна да му се разведрува.

намршти | св.

Направи нерасположен, незадоволен, налутен израз на лицето; намурти. Го намршти лицето и ништо не проговори.

намуз | м.

Образ, чест, чесност. Сиромаси биле, ама намузот си го чувале.

намузлија | прид.

Што има намуз, чесен.

намуртен | прид.

Што има нерасположен, незадоволен, налутен израз на лицето; намрштен. Намуртено лице. Намуртено чело. На портата нè запре намуртен чувар.

намурти | св.

Направи нерасположен, незадоволен, налутен израз на лицето; намршти. Чуварот го намурти лицето и ми рече да чекам. Седна, ги намурти веѓите и го отвори весникот.

намќор | м.

Нечовечен, лош, поган човек. Намќор голем беше, ни на живо се смееше, ни на мртво плачеше.

намќорест | прид.

Што има особини на намќор, што е намќор.

намќоречки | прил.

Како намќор, на намќорски начин. Намќоречки го погледна и ништо не му рече.

намќорски | прид.

Што се однесува на намќор, што има својство на намќор. Намќорско лице. Намќорски поглед. Намќорски израз (на лицето).