наполичарство | ср.

Однос на работа под наполица.

наполни | св.

Исполни нешто колку што собира, докрај. Го наполни шишето и го затвори. Ја наполни торбата со јадење.

наполно | прил.

Сосема, во целост. Последниве години градот наполно се измени. За нас тоа е наполно несфатливо. Работел наполно сам. Колата е наполно нова.

наполу | прил.

На две (еднакви) половини. Погачата ја пресекоа наполу. Што ќе заработеа делеа наполу.

напомни | св.

Спомене нешто, потсети. Патем, напомни дека извозот можел да биде и поголем. Да ви напомнам дека за нас утре е работен ден.

напон | м.

Напинање, силно напрегање на мускулите.

напор | м.

Напрегање на физичките и на умствените сили. Вложи голем напор. Прави напори. Физички напор. Интелектуален напор.

напорача | св.

Порача големо количество нешто или многу нешта.