напореден | прид.

Што е во целата должина на иста оддалеченост со друг, што не се пресекува; паралелен. Напоредни линии.

напоредник | м.

Замислена кружна линија на Земјината топка на која сите точки ѝ се на еднаква оддалеченост од екваторот;

напорен | прид.

Што бара напор, што минува во напор. Напорна работа. Напорен ден. Напорен пат. Напорно учење.

напоречки | прил.

Попреку, нељубезно. Напоречки го погледна. Напоречки му одговори.

напорка | ж.

Гребаница, гребнатинка. Одвитка една цигара и ја посипа напорката со тутун како лек.

напорки | прил.

напоруча | св.

Даде некому поручек, појадок. Ги напоруча децата.

напосоки | прил.

Потамина, на среќа. На сите прашања одговараше напосоки.

напостеле | св.

Постеле добро, повеќе работи или за повеќемина. За празник ќе ја напостелеше мајка одајата со нови дипли. Напосла постилачи да има каде да легнат гостите.

напости се | св.

Помине долго време во постење, пости долго, често.