напочине се | св.

Доволно, добро се почине. Се напочинавме, па сега да се фатиме за работа.

направа 1 | ж.

Едноставно направен предмет што служи за некаква практична употреба. Направа за мерење на времето. Направа за мелење. Направа за вежбање. Експлозивна направа.

направа 2 | повр.

направи | св.

Изработи, даде облик, состави нешто. Направи прстен. Направи чевли. Направи стомна.

направо | прил.

За движење – право, без скршнување. Оди одовде направо, па ќе ја најдеш нивната куќа.

напразен | прид.

Залуден, бесполезен, што не доведува до резултат, до успех. Напразни напори. Напразни ветувања.

напрати се | св.

Се навикне, добие навик да прави нешто (обично непожелно). Се напрати од кој било да бара пари назаем. Се напрати на пиење. Се напрати на таа работа, не ја остава.

напраши | св.

Нанесе прав на нешто. Не треси го чаршафот тука, ќе нè напрашиш.

напре | св.

Притисне, напне. Водата напре со голема сила и го урна насипот.

напрега | несв.