нарани 2 | св.
Направи, нанесе рана. При паѓањето ја наранил ногата.
нарани (се) 1 | св.
нараси | св.
Натресе, нанесе раски на нешто. Тресејќи ја крпата, го нараси јадењето. Внимавај, да не си ги нарасиш очите.
нарасне | св.
Стане повисок, потпорасне. Кога ќе ти нараснат децата, ќе ти биде полесно.
нарасте | св.
нарасток | м.
Тоа што нараснало на површината на животински или растителен организам како ненормален израсток.
наративен | прид.
Што се однесува на нарација; раскажувачки. Наративен жанр. Наративен метод.
наратор | м.
Раскажувач, тој што води низ дејството на драмата, на филмот и сл.
нараторски | прид.
Што се однесува, што му припаѓа на наратор.
нарација | ж.
Расказ, раскажување. Епска нарација. Лирска нарација. Реалистичка нарација.