нарач | м.
Порака. Кажи дали имаш некој нарач за син ти.
нарача | св.
Направи нарачка, побара нешто да му се донесе, да добие. Господинот нарача да му донесат ручек. Нарачал да му донесат неколку товари дрва. Нарачал прстен за невестата.
нарачен | прид.
Што е згоден, удобен за ракување, за употреба, што лесно може да се фати, да се држи при работа. Во новата кола воланот не ми е нарачен.
нарачка | ж.
Барање со кое нешто се нарачува, нарачување. Направил две нарачки за нова стока.
нарачница | ж.
нарачувач | м.
Тој што нарачува нешто.
нараѓа | св.
Роди многу деца.
нараџба | ж.
наргиле | ср.
Вид ориенталско луле за пушење што има сад со вода низ која се прочистува чадот.
наред | прил.
По ред, еден по друг, во некаков редослед. Ги примаше сите наред. Куќата им беше наред со куќите на побогатите во градот.