опет | прид.

За човек – вообразен, надмен, надуен. Опет човек.

опето | прил.

Надмено, самоуверено. За мене ли зборуваш? – праша опето тој.

опечали се | св.

Се потруди, се помачи. Се опечали да ме скрие. Се опечалив повеќе да ти донесам злато.

опече | св.

Изгори, добие изгореница, рана. Само осетив како цевката отскокна и нешто како да ме опече.

опивен | прид.

Што опива. Опивна миризба.

опивка | ж.

Бесвесна состојба предизвикана со наркотично средство; наркоза.

опие | св.

Доведе некого во пијана состојба со алкохолна пијачка. Постојано му ја полнеше чашата, како да сака да го опие.

опиен | прид.

Што е во пијана состојба; пијан.

опили | св.

За птица – изведе пилиња; Под стреата направија гнездо и тука се опилија.

опина | несв.