опинок | м.

Лесна, селска обувка, обично од кожа или гума, која се стега околу ногата со ремчиња, опута и сл. Тој започна да ги собува гумените опинци.

опинчар | м.

Тој што изработува опинци.

опипа | св.

Пипне, допре со прсти нешто; пипа. Ги опипа џебовите.

опиплив | прид.

Што може да се опипа; видлив, вистински, реален. Опипливи резултати. Опиплива цел.

опира | несв.

опиралка | ж.

Тоа што служи за опирање, за потпирање. Ноктите ѝ се закопаа во опиралката од скалилото. Опиралка за шаторско крило.

опирало | ср.

Наслон. Палтото беше префрлено на опиралото од фотелјата. Столови со опирала.

опирачка | ж.

Потпора. Ние добивме под нозе цврста опирачка.

опирен | прид.

Што поткрепува, што служи како потпора. Опирна точка.

опирка | ж.

Дел од стол и сл. на кој се опира, потпира грбот. Седеше со главата потпрена на опирката на седиштето.