отежнат | прид.

Што станал потежок од порано, од очекуваното и сл. Во тие околности, породувањето е отежнато.

отежне | св.

Стане потежок од порано. Тутунот отежнал од влагата. Детето отежнало од многу јадење и лежење.

отежнувачки | прид.

Што отежнува. Отежнувачки околности.

отекува | несв.

Набрекнува, добива оток. Ногата почна да отекува.

отели | св.

За крава – донесе на свет, роди теле. Нашата крава отели шарено теле.

отелотворен | прид.

Глаголска придавка од отелотвори.

отелотворение | ср.

Изразување, пројавување во телесен облик, инкарнација. Отелотворение на народниот дух.

отелотвори | св.

Изрази нешто во телесен облик. Тој во своите дела ги отелотвори своите скриени сни. Го отелотвори нејзиниот замислен лик во мермер.

отемни | св.

Стане темен. Целиот отемне кога ја чу веста.

отепа | св.

Усмрти, лиши од живот; убие. Го отепале арамиите. Ловџиите отепале еден зајак.