отепан | прид.
Што е усмртен, убиен, насилно лишен од живот.
отепувачка | ж.
Отепување. Парите се отепувачка.
отера | св.
Истера добиток на пасење; тера. Ги отера говедата на пасење.
отетерави се | св.
Отиде, појде несигурно тетеравејќи се. Пијаниот се отетерави до вратата.
отец | м.
вок. оче и отче
отече | св.
Се подуе, набрекне. Детето отекло од убод од пчела. Од бубрезите таа отекла. На стариот му отече ногата.
отечен | прид.
Глаголска придавка од отече.
оти | сврз.
бидејќи, зашто, затоа_што, заради тоа што, одошто. а) За поврзување зависносложени причински реченици. Јас не дојдов оти бев болен. Оти не знаеја ништо, тие не положија. б) За надоврзување, со вметната реченица, при дообјаснување. Оти, како што гледате, за нас не постојат пречки. Оти, колку што знам јас, таму нема веќе што да се бара.
оти | прил.
Во прашални реченици. Оти не дојде?
отиде | св.
Појде кај некого или некаде. Отиде на прошетка. Отиде на работа. Децата отидоа дома на спиење. Девојките отидоа на вода. Сите отидоа на свадба.