отпатува | св.

Замине на пат. Тој отпатува со авион во Британија.

отпаше | св.

Симне, одврзе појас, колан, ремен, скутник, тоа што е опашано на појасот; Го отпаша ременот од панталоните.

отпаѓа | несв.

отпева | несв.

повт. отпее 1, 2. Тој отпева одвреме навреме по некоја песна.

отпее | св.

Испее песна или дел од поголемо музичко дело. Тој отпеа многу убаво. Таа отпеа една стара народна песна. Младинскиот хор отпеа неколку преработени партизански песни.

отпере | св.

Испере нешто што е во мало количество или малку нечисто. Таа ги отпра чорапите пред да ги стави во машината за перење. Отправ малку, утре ќе доперам.

отпетла | св.

Извади петлица од илика; оддели еден од друг дел на копец;

отпечати 1 | св.

Публикува, заврши печатење на нешто. Книгата ја отпечативме во голем тираж. Печатницата ја отпечати книгата во рекорден рок.

отпечати 2 | св.

Отвори нешто запечатено, симне печат. Домаќинот го отпечати виното десет години старо. Таа го отпечати сандакот што стоел запечатен повеќе од три децении.

отпечаток | м.

Трага, белег од допирање или натискање. Отпечаток од прсти. Со отпечатокот од стапалата ќе појдете кај ортопедот.