оцени | св.

Определи вредност, цена на нешто. Тој бара посебна комисија да ги оцени неговите производи.

оценка | ж.

Белешка за успехот на ученик, студент и сл. (најчесто во бројна вредност). Тој нема слаби оценки. Јас заслужив да добијам оценка 5.

оценлив | прид.

Што може да се оцени. Неговата работа е оценлива.

оценувач | м.

Тој што оценува. При оценувањето се покажува дека оценката зависи и од самиот оценувач.

оцет | м.

Кисела течност со остар мирис што служи за зачинување или за конзервирање на храна; Оцетот им ја разблажува лутината на пиперките. Алкохолен оцет. Вински оцет. Јаболков оцет.

оцетен | прид.

Што е од оцет. Оцетна киселина.

оцрни | св.

Направи црн, обои со црна боја, поцрни. Ми ги оцрни рацете.

оцрт | м.

Надворешен изглед; опис во главните црти, во суштествените одлики. Иако ја познавав долго, не би можел ниту оцртот да ѝ го нацртам. Ќе дадеме краток оцрт на нашиот народен живот. Психолошки оцрт.

оцрта | св.

Наслика, нацрта, опише, претстави нешто во главни црти; покаже контури. Содржината на неговите книги се движи пак во оние рамки што ги оцртавме. Накратко ќе го оцртаме ликот на Пулевски. Во романот тој е оцртан како перфиден заводник.

очавчи | св.

Ја отвори устата широко. Ги очавчи децата од смеење.