ограби | св.

Насилно одземе нешто, украде, опљачка. Некој ја ограбил куќата на соседите. Крадците ја ограбија државната банка.

ограбувач | м.

Тој што ограбува, што врши грабеж. Ограбувачите го опустошија селото.

ограда | ж.

Тоа со што е нешто (нива, земја, куќа и сл.) оградено, одвоено од нешто друго во просторот. Железна ограда. Камена ограда. Дрвена ограда.

огради | св.

Загради, опколи со ограда. Тој го огради лозјето со бодликава жица. Куќата ја оградија со железна ограда.

оградиса | св.

Се разболе тешко од нагазување на лошо место според народното верување, таму каде што одат самовилите или таму каде што ги чуваат нивните деца. Се плашеше дека ќе оградиса ако помине под стреата ноќно време.

Огражден | м.

Планина во Македонија.

ограничен | прид.

Што има, на кој му се поставени определени граници. Ограничен простор. Ограничена територија.

ограничи | св.

Определи нешто во просторот, постави граници. Надлежниот сектор го ограничи земјиштето предвидено за изградба на станови.

ограничувачки | прид.

Што ограничува, што поставува некакво ограничување. Ограничувачки фактори.