оданаде | прил.
оданочи | св.
Воведе данок; определи износ, висина на данок. Владата го оданочи увозот на земјоделски производи.
одар | м.
Издигнато место, обично со дрвени штици, покрај ѕид во соба, кое служи за седење и за лежење. Во ќошот на одајата се наоѓаше одарот прекриен со килим.
одаја | ж.
Соба, просторија. Голема одаја. Темна одаја. Празна одаја.
одбашка | прил.
одбегне | св.
Избега, побегне од некого или од нешто. Тие одбегнаа во планината. Јас одбегнав од дома. Тој не успеа да одбегне од судбината.
одбележи | св.
Обележи, означи нешто. Одбележете ги именките во текстот. Тој ја одбележал нивата со камења.
одбере | св.
Направи избор, избере, издвои нешто, се определи за нешто. Одбрав златен прстен со рубин. Тој си одбра девојка од селото. Него го одбраа за кмет.
одбив | м.
Одбивање, престанување да цица. По одбивот, детето стана многу раздразливо.
одбива | несв.