обезбеди | св.

Доведе некого или нешто во нормална и сигурна состојба; заштити од опасност. Тие им обезбедија засолниште на луѓето од воздушните напади. Војниците добија задача да го обезбедат рудникот.

обезбедување | ср.

Глаголска именка од обезбеди.

обезбои | св.

Направи нешто да изгуби боја. Таа го обезбои платното.

обезвредни | св.

Направи нешто да биде без вредност, да изгуби вредност. Управникот за кратко време ја обезвредни фирмата.

обезглавен | прид.

Глаголска придавка од обезглави.

обезглави | св.

Убие некого со отсекување на главата. Заробените војници ги обезглавија.

обезличи | св.

Направи да стане безличен, отстрани, одземе обележје на индивидуалност, на личност. Неговото убаво лице беше обезличено од пијанството. Таквиот општествен систем ќе ги обезличи талентираните поединци.

обезличувачки | прид.

Што обезличува некого или нешто. Обезличувачки обиди.

обезнадежи | св.

Одземе надеж, лиши некого од надеж. Лошата здравствена состојба на детето ги обезнадежи родителите.