обезоружен | прид.
Што е лишен од оружје, што е без оружје. Обезоружена војска.
обезоружи | св.
Одземе оружје од некого, лиши некого од оружјето што го имал; разоружи. Тие ги обезоружија заробените непријателски војници.
обезрожува | несв.
Отсранува рогови кај некои домашни животни.
обезумен | прид.
Што е луд, побудален. Обезумен старец.
обезуми | св.
Одземе некому способност за расудување; полуди, збудали некого. Сакаше да го обезуми старецот и да му ги украде парите.
обелее | св.
обележи | св.
Стави белег, знак на нешто, означи, маркира нешто. Вчера ги обележаа пешачките премини на новата улица. Тој ги обележа меѓите на нивата.
обележје | ср.
Белег, знак. Државни обележја. Црковни обележја.
обелен | прид.
За човек – што има бела коса; обели 4. Обелен старец.
обели | св.
а) Направи да биде бело, побело отколку што било претходно. Невестата го обели платното на езерото. Овој детергент ги обели пожолтените чаршафи. б) Стане бел. Планините обелеле од снег.