одмандали | св.

Отвори врата што била затворена со мандало, резе и сл.; Ја одмандали портата. Рацете му се тресеа, одвај ја одмандали вратата.

одмена | ж.

Тој што доаѓа да замени, смени некого во работата, преземе обрска од некого (обично син, ќерка, снаа и сл.). Старицата доби одмена во куќата. Синот ѝ донесе одмена на мајката. Се тешеше дека набргу ќе ѝ дојде одмена.

одмени | св.

Замени, смени некого во работата, овозможи некому да се смени, да се одмори. Снаата ја одмени свекрвата. Сè сама работеше, немаше кој да ја одмени.

одмерен | прид.

Глаголска придавка од одмери.

одмери | св.

Со некаква мерка процени, определи некаква величина (тежина, должина, содржина и др.). Тој добро го одмери обемот на работата. Не ги одмери зборовите, избрза. Го одмери растојанието до куќата за да стаса навреме.