односен | прид.

За тој / таа / тоа што се работи, за тој / таа / тоа што се зборува. Односното прашање останува да се реши. Односното село се изделува од околината.

односно | мод.

Со други зборови, поинаку кажано; то ест. Тој дојде сам односно без семејството.

одобрение | ср.

Дозвола да се направи нешто; Писмено одобрение. Доби одобрение од директорот. Климнувањето со главата значеше одобрение.

одобри | св.

Се согласи со нешто. Сите присутни го одобрија предлогот.

одоброволи | св.

Направи некој да има добро расположение; орасположи. Го одоброволија да соработува. Тој ја зазборува колку да ја одоброволи.

одобрувачки | прил.

Што покажува одобрување, што е знак на одобрување. Го погледна одобрувачки. Одобрувачки нишна со главата.

одовде | прил.

Од ова место, од местото на зборување. Одовде до поштата има петстотини метри. Одовде до таму има десет минути одење.

одоглави | св.

Извади, симне оглав. Го одоглави коњот и го пушти да пасе.

ододзади | прил.

одозгора | прил.

Од горната страна, на површината на нешто. Колачот се прелива одозгора со растопено чоколадо.