одреме | св.

Помине малку време во дремење. По ручекот одрема половина час.

одрече | св.

Побие, не признае нешто што е кажано, направено; одговори со негирање. Обвинетиот одрече дека е виновен.

одречен | прид.

Што одречува, што негира;

одржи | св.

Зачува, сочува нешто во иста состојба. Го одржа имотот и покрај лошите времиња.

одрина | ж.

Начин на одгледување винова лоза што се качува и се шири во висина и во ширина. Лозјето го сади одрина.

одроди | св.

Оттргне, оддалечи од роднини, блиски. Мажот ѝ ја одроди од сите.

одромони | св.

Одговори нејасно, неразбирливо на обраќање.

одрон | м.

Камење и земја што се одронуваат и паѓаат од повисоко, ридско место; местото каде што има одронувања. Одрон на патот. Одрони од карпи. На автопатот има одрони..

одрони | св.

Оддели мал дел од нешто со ронење (земја, камен и сл.). Силното невреме одрони малтер на неколку места од дотраената фасада.

одрпа | св.

Скине, искине, испокине нешто од невнимателност. Децата береа кајсии, па ги одрпале панталоните. Кучето во игра им ја одрпа облеката.