обелиск | м.

Висок камен споменик во вид на столб, обично со четири страни, што се стеснува кон врвот.

обелодени | св.

Изнесе пред јавноста, објави нешто што дотогаш било тајна. Тие ја обелоденија својата свршувачка пред една недела. Тој ја обелодени целата работа во медиумите.

обем | м.

Во геометријата – должина на линијата што ограничува геометриска фигура. Обем на круг. Обем на триаголник.

обемен | прид.

Што се однесува на обем Обемниот простор на кругот.

обере | св.

Собере плодови, растенија или делови од нив со кинење, тресење и сл. Ноќеска некој ги обрал црешите во бавчата. Оваа година рано го обравме тутунот.

обес- | претс.

Претставка/префикс,

обесен | прид.

Што служи за обесување. Горо ле, горо зелена... имаш ли дрво обесно?

обесен | прид.

Глаголска придавка од обеси.

обесеник | м.

Лош човек, никаквец, мангуп. Најмалиот брат беше познат како обесеник.