пиштоли се | несв.
Се перчи.
пиштолџија | м.
Добар стрелец со пиштол.
пишува | несв.
Со букви или бројки бележи нешто на хартија или друг материјал, писмено бележи нешто. Првачињата ги пишуваат првите букви во тетратките. Наставничката пишуваше на табла со креда.
пишувач | м.
Автор на нешто напишано. Во текстот се препознава родниот говор на пишувачот. Македонски пишувачи од минатиот век.
пишувачка | ж.
Пишување.
пијавица | ж.
(зоол.) Водна или сувоземна глиста со цицалки на обата краја што живее како паразит, припиена на телото на животните и се храни со крв, а некогаш се употребувала за лекување на болести; Hirudo medicinalis. Коњска пијавица. Десетина пијавици му се залепиле за нозе. Пијавици во сад.
пијавичар | м.
Тој што фаќа и продава пијавици.
пијалак | м.
Тоа што се пие, посебно приготвена течност што се пие, напивка. Разновиден пијалак. Вкусен пијалак. Чаша со пијалак. Алкохолни пијалаци. Освежителни пијалаци.
пијало | ср.
пијан | прид.
Што се опил од алкохолен пијалак. Пијан човек. Пијани гости.