палисада | ж.

Пречки од зашилени колци забодени во земјата што служеле за одбрана од напад.

паличник | м.

Железниот дел од плугот што ја сече земјата при орање; лемеш; ралник. Паличникот се забодува во неискорнати корења.

палијатив | м.

Лек за привремено смирување на болките.

палијативен | прид.

Што има својство на палијатив. Палијативна мерка.

палка | ж.

Прачка, стап, според намената, различна по должина, дебелина и изработка. Дрвена палка. Тапанарот удри со палката. Тој со палка покажуваше на деталите од фреските.

палма | ж.

Јужно, тропско дрво со високо и танко стебло кое се разгранува во крошна со перјести листови; Palmae. Мирис на палма. Урми од палма.

палмин | прид.

Што се однесува на палма, што е од палма. Палмин лист. Палмова градина. Палмино масло

палне | св.

За тоа што лесно се пали ‒ направи да свети или да гори; запали. Пални ја ламбата.