пламен | прид.

Што е од пламен, што испушта пламен. Пламени јазици. Пламена стихија.

пламенит | прид.

пламеница | ж.

Болест кај растенијата што се пројавува со темножолти дамки на листот, ги зафаќа сите делови и предизвикува сушење.

пламенофрлач | м.

Оружје што исфрла млаз од пламен.

пламне | св.

Почне да гори одеднаш, видливо. Пламнаа дрвата во огништето. Крај брегот пламнаа стотици огнови.

пламноса | св.

Изгори. Пламноса сламената куќа.

пламтеж | м.

Пламтење, страст. Пламтеж го озари неговото лице.

пламти | несв.

Гори во пламен, гори силно. Коледарскиот оган пламтеше. Неколку дена пламти шумата.

план | м.

Цртеж направен со проекција врз хоризонтална рамнина на кој е прикажана куќа, зграда или друг градежен објект или еден кат од таков објект. Градежен план. План за куќа.

планер | м.

Тој што прави производствен план.