плаз | м.
Долниот дел од санката што се лизга по снегот.
плази | несв.
Прави непристојно движење со јазикот вадејќи го од устата, покажува јазик некому. Детето го плази јазикот.
плазма | ж.
(биол.) Течниот дел на крвта без крвните зрнца. Крвна плазма.
плакар | м.
Дел од мебел, вграден орман в ѕид, со врата и рафтови.
плакат | м.
Голем оглас, објава со цртеж, фотографија и малку текст за информирање, рекламирање, пропагирање и сл. Плаката од синдикатот за организиран штрајк. Плаката за борба против пушењето. Скинати плакати од предизборна кампања.
плакатира | св. и несв.
Стави, става плаката. Момчињата ги плакатираа ѕидовите на зградата.
плакета | ж.
Плочка со соодветен релјеф што се доделува како признание или благодарница. Плакети добија установи, организации и поединци.
плакне | св.
а) Отстранува сапуница од садови. Домаќинката ги плакнеше чиниите од сапуница. б) Мие садови набрзина, згора-згора. Девојчето ги плакнеше чашите и тураше сок.
плам | м.
Пламен. Огнен плам. Жеден плам. Во крв и плам.
пламен | м.
Светлина и топлина од запалена материја. Блед пламен од свеќа. Трепереше пламен од кандило. Нагоре се крева чад и пламен.