плацебо | ср.
Таблета, лекарство што нема никаков медицински ефект, а се припишува поради психолошко дејство на пациентот.
плацента | ж.
Привремен орган кај жената и кај женките на цицачите што се развива само за време на бременост; последок, постелка.
плач | м.
Појава својствена за човекот кога со глас и солзи изразува чувство на болка, тага, силна возбуда и сл. Детски плач. Туѓинецот чу придушен плач на дете.
плаче | несв.
Со глас и солзи изразува чувство на болка, тага, силна возбуда и сл. Таа веќе ниту плаче ниту се смее, седи така во дворот и молчи. Девојчето плачеше од болка.
плачевен | прид.
Јаден, тажен, жалосен. Плачевен глас.
плачен | прид.
Што е расплакан. Плачни гласови се слушаа од куќата. Плачно срце.
плаченица | прил.
Со плачење, плачејќи. Си дојде дома плаченичкум
плачка 1 | ж.
Плачење. Поминавме без плачки. Таа го испрати со плачки и клетви.
плачка 2 | ж.
Жена или девојче што многу плаче, што е склона кон плачење. Таа беше голема плачка.
плачко | м.
Тој што многу плаче, што е склон кон плачење.