пало | ср.
Долниот дел од лопатка, весло.
палто | ср.
Горен дел од облека што се носи врз кошула или блуза; сако. Палто и панталони. Кожено палто. Излитено палто.
палуба | ж.
Горниот дел од трупот на бродот што ја покрива неговата внатрешност. Отворена палуба. Палуба од брод. На палубата немаше луѓе.
палјачо | м.
Циркуски кловн. Палјачото смешно плачеше.
палјачовски | прид.
Што му припаѓа, што се однесува на палјачо. Палјачовска облека. Палјачовски манир.
памбук | м.
памет | м.
Способност на човекот да ги спознава и да ги репродуцира во свеста претходно применети впечатоци; ум, разум. Тоа што ни гледаат очите се запишува и се запечатува во нашата памет. Дете е уште, ќе му дојде паметот.
паметен | прид.
Што има памет, мудар, умен, разумен. Добар и паметен домаќин. Мудра и паметна жена. Убаво и паметно дете.
памети | несв.
Држи во сеќавање, запомнува, не заборава. Тоа ќе го паметиме дури сме живи. Детето малку го паметеше татка си.
паметлив | прид.
Што памети добро и долго; што лесно запаметува. Паметлив човек.