пледира | несв.

Брани, застапува некаков став, се зазема за нешто. Пледира за повеќе толеранција.

пледоаје | ср.

Напишан текст, статија што аргументирано и вдахновено поддржува некоја идеја.

плексиглас | м.

Цврст, лесен и проѕирен материјал што се користи наместо стакло.

плексус | м.

(анат.) Сплет од нерви и крвни садови.

племе | ср.

(истор.) Општествена група луѓе со родови врски и со заедничка територија; облик на општествено организирање на првобитното општество.

племеник | м.

Лице што припаѓа кон определено племе.

плен | м.

Благо, стока, имот и сл. освоено сосила, грабнато, одвлечено во војна или украдено. Крадецот избегал со добар плен од куќата. Војникот носеше богат плен во торбата.

пленарен | прид.

Што се случува со присуство на сите членови на некоја организација, на изборен орган и сл.; што претставува пленум. Пленарна седница.

плени | св.

Присвои како плен, зароби, освои; земе во пленство. Војниците сета печалена мака ја пленија, ги пленија коњите и дивееја по селото. Војската ги плени селаните.