пленички | прид.

Што се однесува на пленик. Пленички логор.

пленство | ср.

Таа есен тој се врати од пленство.

пленум | м.

Пленарно заседание, работен состанок на сите членови на некој општествен форум или општествено-политичка организација. Пленум на Централниот комитет. Тој учествуваше на пленумот на Сојузот на писателите.

плеоназам | м.

Спој од повеќе зборови толку слични по значење, што некои од нив се сосема непотребни.

плеонастичен | прид.

Што претставува плеона Плеонастички израз

плеска | несв.

Удира по нешто плоскато, широко по површина, при што се слуша плесок. Со пиралката плеска по алиштата ставени на каменот крај реката. Домаќинката рутински го плескаше лебот со раце неколку минути. Децата весело плескаа по водата.

плескавица | ж.

Вид сплескано ќофте од мелено месо со зачини, испечено на скара.

плесна | ж.

Лишај, дамки по лицето, по телото.