плесне | св.
Удри предизвикувајќи плесок. Момчето силно го плесна соиграчот со топката по глава. Тој го плесна силно детето по тилот.
плесница | ж.
плесничав | прид.
Што е со плесни по лицето или по рацете.
плесок | м.
Звук што се слуша при удирање на дланки, на нешто широко едно од друго, при удирање на водна маса од брег и сл. Плесокот на брановите одекнуваше во ноќта.
плет | м.
Ограда од преплетени прачки. Еден плет ги дели двете куќи. Околу колибите имаше нивчиња со компир оградени со плетови. Бегалецот се криеше зад плетиштата и ѕидиштата на последните селски куќи
плетало | ср.
Тоа што се плете од преѓа, конци и сл. Домаќинката ја крена софрата, смете и го зеде плеталото.
плетач | и.
Плетачите на кошници седеа на брегот на реката и плетеа. Плетач на мрежи.
плетачки | прид.
Што служи при плетење. Плетачка машина. Плетачки игли.
плетачница | ж.
Место, работилница каде што се плете, се изработуваат предмети со плетење.
плетва | ж.
Плевел, трева штетна за земјоделските култури. Од изутрина ја збираат потсушената плетва.