плете | несв.

а) Со раце, служејќи се со посебни игли, или на машина префрла котелци од конец, предено и сл. изработувајќи делови од облека (чорапи, џемпери итн.) или украсни предмети. Старата плетеше џемперче за внучето. Таа плетеше блузи на машина за плетење. б) Изработува со преплетување предмети од прачки, слама и сл. Стариот седеше пред колибата и плетеше кошница. Дедо ми плетеше кошови за целото село. в) Прави мрежа. Пајакот плете мрежа и во неа фаќа муви. г) Прави венец (од растение). Жените го плетеа кромидот под тремот.

плетен | прид.

Што е изработен со плетење. Плетен џемпер. Плетени чорапи. Плетена кошница.

плетеница | ж.

Сплетена коса; плетенка.

плетенка | ж.

Сплетена коса. Девојчињата носеа плетенки.

плетиплотка | ж.

Растение со долги жилави гранки, ситни ливчиња и виолетови ситни цветчиња што се одгледува како жива ограда; Lycium halimifolium.

плетка | несв.

Мрси, замрсува конци и сл. Детево постојано ми ги плетка конците.

плетка | ж.

Начин на плетење, на изработување облека со плетење. Убава плетка. Плетка со повеќе бои.

плетканица | ж.

(пејор.) Плетка; плетало. Гледаше во плетканиците на бабата и се чудеше.

плетнина | ж.

Награда за девојките што ја плетеле невестата, којашто ја плаќаат деверите.