плотен | прид.
Плотна страст.
плотеница | ж.
Куќа чии ѕидови на горниот кат се плотови премачкани со кал.
плотица | ж.
Штици од кои се прави ограда. Ограда од штици плотици. чардак со пармаци од плотици од даб.
плотна | ж.
Метална површина која се загрева и на неа се готви.
плотски | прид.
Што се однесува на плот2, сетилен, телесен; Плотски наслади.
плотун | м.
Едновремена стрелба од неколку огнострелни орудија; залп. Почесен плотун. Плотунот одекна глуво во ноќта.
плоча | ж.
Плоската и танка површина од камен, метал и сл. Камени плочи. Мермерни плочи. Надгробна плоча. Бетонска плоча.
плочест | прид.
Што има форма на плоча. Плочест камен.
плочка | ж.
Дем. од плоча 2. Украсни мали, танки плочи од керамика, линолеум и сл. за обложување подови, ѕидови во кујна, бања и сл. Керамички плочки.
плочкар | м.
Лице што поставува плочки;