плочник | м.
Тротоар, особено поплочен со плочки.
плочница | ж.
Кај самарот ‒ искривена букова штичка, ги има по три од секоја страна на самарот.
плоштад | м.
Широко рамно место, поплочено и уредено за шетање и собирање на поголем број граѓани. На плоштадот направија голема бина.
плоштак | м.
Вид даб; сладун.
плоштина | ж.
Дел од рамнина ограничен со страните на геометриската фигура. Плоштината на геометриските фигури се мери во квадратни единици.
плуг | м.
Земјоделско орудие за орање. Железен плуг.
плужен | прид.
Што се однесува на плуг.
плужица | ж.
Вид рало
плука | несв.
плукне_1
плукалник | м.
Сад во кој се плука, обично на јавни места.