поапси | св.
Изврши апсење на повеќе лица. Целото село го поапсија.
поапче | ср.
Доенче што се прихранува со бебешка храна.
поаргатува | св.
Помине некое време во аргатување. Поаргатува малку додека се вработи.
поарчи | св.
поаѓа | несв.
Почнува да оди, да се движи; тргнува, заминува некаде. Кога поаѓате за Охрид? Возот поаѓа напладне.
поаѓалиште | ср.
Место од кое се поаѓа.
поајдукува | св.
Помине некое време како ајдук. Поајдукуваа малу по селата, и си се прибраа дома.
поајдучи се | св.
Стане ајдук.
побабува | св.
Бабува некого малку, кратко време.
побара | св.
Искаже барање, посака да добие нешто. Побара да му платат за сработеното. Побарал пари назаем.