побрзо | прил.
Компаратив од брзо.
побрка 1 | св.
Измеша, направи безредие. Ги побркал клучевите, одвај ни отклучи. Му ги побркал страниците на ракописот.
побрка 2 | св.
Брка, гони некого малку, кратко време.
побркан | прид.
Глаголска придавка од побрка2. Збунет, несреден, збркан.
побрлави | св.
побрливи | св.
Стане брлив; брлив_1_2
побугари | св.
Направи лице од друга националност да стане Бугарин.
побуда | ж.
Поттик за преземање, за извршување нешто. Им помогнал од хумани побуди. Патриотски побуди.
побудали | св.
Стане будала. Се чудам како не побудалел на тие маки.
побуди | св.
Поттикне кон нешто (дејство, постапка и сл.). Тоа ме побуди да се вклучам во организацијата.