повардарец | м.
Ветар што дува во Повардарјето. Повардарецот ѝ ја мрсеше косата.
Повардарје | ср.
Географски термин со кој се означува средишниот дел на Република Македонија по течението на р. Вардар.
поварди | св.
Варди малку, кратко време; Вие одете, ние ќе ги повардиме децата.
повари | св.
Вари малку, кратко време или уште малку;
поваса | св.
Совлада, надвие, победи во борба. Него никој не може да го поваса.
повев | м.
Слаб ветер, ветрец. Топол повев. Лесен повев.
повева (се) | несв.
поведе | св.
а) Земе некого со себе при одење некаде, при патување. Ги поведе на село и децата. б) Почне да води по себе (луѓе, колона, оро итн.). Се согласи да ги поведе до најблиската населба. Таа го поведе орото. в) Одведе, забере некого присилно. Полицијата го повела синоќа.
поведение | ср.
Начин на однесување со другите во својата средина, во општеството; карактер на постапките. Пристојно поведение. Лошо поведение.
повее | св.
За ветар ‒ почне слабо да дува, да дувка.