повез | м.
(само едн.) Подврзување на книга, ставање во корици. Книгата е дадена за повез.
повезден | прил.
Преку цел ден. Повезден талкаше по планината.
повезе | св.
Помине во везење кратко време.
повела | несв.
Владее, раководи; заповеда, наредува. Треба да се знае кој повела во оваа земја. Кој е најстар, тој ќе повела.
повела | ж.
Заповед, наредба, команда. Тоа било божја повела. Да не падне човек под туѓа повела.
повелач | м.
Тој што повела; управувач; наредбодавец, заповедник. Повелачи има многу, ама работници се малку.
повелба | ж.
а) (истор.) Документ со кој владетелот доделувал некому определени привилегии (права, поседи и сл.). б) Документ со кој се признаваат нечии права и се установуваат определени повластици.
повелбен | прид.
Што има карактер на повелба, на заповед. Му се обрати со повелбен тон.
повели | св.
(ретко) Заповеда, нареди. Од страв, им повели на домашните портата да не ја оставаат отворена.
повелник | м.
Тој што повела; управувач, наредбодавец, заповедник.