повиси | св.
Остане да виси некое време.
повит | м.
Вид ползечко растение; Clematis vitalba.
повиши | св.
Изрази нешто во повисок степен. Повиши глас. Повиши расположение. Повиши интерес.
повлада | св.
Совлада, завладее; овладее, опфати. Полека целото село го повладаа. Сета снага беше му ја повладале болките.
повластен | прид.
Што овозможува повластица; што има повластици, привилегиран. Повластена положба. Повластен билет. Повластен сталеж.
повласти | св.
Стави, доведе некого во повластена положба; привилегира некого.
повластица | ж.
Посебно право, поволен услов, погодност што се дава некому за нешто; привилегија.
повлачи | св.
Влачи малку, кратко време.
повлекува (се) | несв.
повлече | св.
а) Почне да влече; влече Ранетиот го фатија и го повлекоа по тревата. Коњот одвај ја повлече колата. Локомотивата се огласи и ги повлече вагоните. б) Тргне, потргне некого или нешто. Го фати за рака и го повлече. Ја повлече завесата. Нагло ја повлече сопирачката на колата. Го повлече чкрапецот на пушката. в) Забере некого, одведе настрана со себе; привлече кон себе. Го повлече надвор да поразговараат. Нечии раце го повлекоа. Мајката го повлече и го гушна детето.