повлечен | прид.

Глаголска придавка од повлече.

повлијае | св.

Изврши влијание. Се надеваше дека животот на село добро ќе повлијае врз здравјето на децата.

повод 1 | м.

Тоа што е поттик или околност да се преземе нешто за кое има друга причина. Сакаше да се шегува, и во секоја работа наоѓаше повод за тоа.

повод 2 | м.

Јаже со кое се води добиток; водило.

поводи | св.

Води малку, кратко време.

поводлив | прид.

Што лесно се поведува по друг, лесно паѓа под туѓо влијание.

повоен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на времето непосредно по определена војна. Повоени услови. Повоена генерација. Повоена изградба на земјата.

повози | св.

Вози некого малку, кратко време. Ќе ги повозам децата, па ќе ги вратам.

поволен | прид.

Што е по желба, по волја, што одговара, што е погоден, благопријатен. Поволни услови. Поволен резултат. Поволен впечаток. Поволна клима. Поволни цени.